Екс британски снајперисти од САС заминуваат во Украина

Пензионирани припадници на специјалните сили на Обединетото Кралство, доброволно се пријавиле за воени мисии во Украина, пренесува денеска дел од британскиот печат.



Според express.co.uk воените ветерани специјалци се на возраст меѓу 40 и 60 години а претходно се бореле низ целиот свет, вклучително и во Авганистан и Ирак.

Меѓу нив има високо обучени снајперисти и експерти за употреба на противвоздушни и противтенковски ракети.

Special Air Service (SAS) или Специјална воздушна служба се сили за специјални намени на Британската армија.

Формирани се во 1941 година а се специјализирани за антитероризам, спасување заложници, борбени директни акции и тајно извидување.

Според медиумот операцијата на екс специјалците ќе биде финансирана од неименувана европска земја преку приватна воена компанија.

Планот е начин за воена поддршка на Украина без официјално испраќање британски трупи.

Повеќе од десетина од ветераните, наводно, веќе пристигнале во Украина и повеќе ќе патуваат оваа недела

„Ова мораше да се случи многу брзо бидејќи ситуацијата во Украина сега е очајна и им треба итна помош”, вели за Дејли Мирор еден ветеран кој додава дека многу колеги од поранешните падобрански полк исто така сакаат да одат.

„Тоа е легално бидејќи никој од мажите што излегуваат сè уште не служи, а Украина ги покани луѓето да влезат и воено да помогнат во борбата. Тоа значи дека некои од најискусните ветерани во светот ќе и помогнат на Украина и ќе се поврзат со штабот на силите на Украина”, пишува медиумот.

Фото Википедија