„Косовскиот премиер Албин Курти соопшти дека денеска го овластил Министерството за финансии да формира ‘Фонд за безбедност’ на Косово.“ – јави информативниот портал „Албаниан пост“ од Тирана, Албанија.
„Албаниан пост“ пишува: „На фејсбук Курти објави: ‘Во согласност со потребите на Косовските безбедносни сили, со актуелната состојба и по консултациите со меѓународните партнери, денеска го овластив Министерството за финансии да формира ‘Фонд за безбедност’. Собраните средства се наменети да се користат согласно со стратегијата за безбедност на Косово, која се очекува да биде одобрена од Владата. Се покануваат граѓаните на Косово и нашите сонародници од дијаспората, како и други дарители, да придонесат за безбедноста на Косово.“
„По руската агресија во Украина на Косово се зголемени барањата за создавање фонд за зголемување на финансиската поддршка на Косовските безбедносни сили. Претседателот на партијата ‘Алијанса за иднината на Косово’ Рамуш Харадинај во декември 2021 година предложи формирање фонд, кој ќе биде посветен исклучиво на зајакнување на војската на Косово.“
Инаку, во својата анализа со наслов „Кој ги украде парите од фондовите ‘Татковината повикува’ и “Фонд 3 проценти’?“, објавена на 1.април 2019 година, информативниот портал „Медиа Косова“ се осврна на судбината на парите, кои ги давале Албанците од Албанија, Косово, Македонија, албанската дијаспора од САД и Европа, за двата споменати фонда. Покрај другото, „Медиа Косова“ имаше напишано: „Во Косово, со кое управуваат политичката мафија и криминализирани политичари, 20 години по војната до денес никогаш не беа истражени сомнежите за злоупотреби на стотици милиони од фондот ‘Татковината повикува’ и фондот ‘3 отсто’. ‘Злоупотребени се милиони евра на граѓаните на Косово и нашите етнички простори насекаде, кои придонеле беспоштедно во овој фонд, со надеж дека ќе бидат искористени за војната за ослободување на Косово.’ – вели политичкиот аналитичар Гани Ќари. Пред две години И.Келменди јавно ја обвини тројната банда на Џавит Халити, Азем Сила и Хашим Тачи дека ги украле парите од фондот ‘Татковината повикува’ и од други фондови во Германија, укажувајќи на заднината на купувањето оружје.“





