Медведев предупредува: Економските војни честопати се претвораат во вистински

Заменик-шефот на рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, го предупреди францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер, да внимава што зборува откако министерот рече дека ЕУ ќе води целосна економска и финансиска војна против Русија.



Францускиот министер денеска рече дека ни објавија економска војна. Внимавајте што зборувате, господа! И не заборавајте дека економските војни во историјата на човештвото честопати се претворија во вистински“, напиша Медведев на „Твитер“.