Мартенс: Во Украина се борат две нации на умирање

Новинарот на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг Мартенс кој ги покрива источна и југоисточна Европа во германскиот весник смета дека завојуваните Русија и Украина се нации на изумирање поради тоа што огромен број на луѓе ги напуштаат овие земји а бројот на новородени деца е многу мал.



,,Демографски гледано, во Украина две нации на умирање се борат меѓу себе. Украина и Русија изгубија повеќе население поради негативните демографски трендови и емиграцијата во последните 30 години од речиси која било друга земја. Сега 🇺🇦 и 🇷🇺 губат уште повеќе поради војната на Путин”, смета Мартенс.

Во последните 26 години Украина загубила над 8 милиони од своето население кое сега е на ниво од нешто над 43 милиони граѓани.

Во последните 20 години Русија го зголемила своето население за само околу 500 илјади луѓе иако во Русија емогрира огромен број луѓе од поранешниот Советски сојуз.

Во последните 3 години Русија значително го намалува своето население на годишно ниво.