Македонија мора да добие цврсти гаранции во однос на спорот со Бугарија изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во „Утрински Брифинг“.
„Бугарија нема позитивно минато на исполнување на договори со Македонија. Досега има најмалку три договори кои што не се испочитувани од бугарска страна:
во 90-тите Глигоров – Желев,
потоа во 99-тата година договорот Георгиевски – Костов,
и потоа во2017-тата година кога имаше договор меѓу Заев – Борисов.
И ниеден од тие договори не се испочитува.
И затоа мислам дека мора многу внимателно да се влегува во процесот на договарање пред се во однос на гаранции кои што досега ги немаше во досегашните договори, затоа што сепак имаме проблем со Бугарија, а не со Данска“, истакна Николоски.
„Нашиот став кој што го искажувавме пред месец ипол – два и континуирано од тогаш го кажуваме мислам дека не се фати сериозно, а тоа е дека доколку Бугарија бара гаранции, тогаш мора и ние да бараме гаранции во однос на Бугарија.
И мора да добиеме цврсти гаранции за самобитноста на македонскиот јазик и македонскиот народ“, нагласи Николоски..







