И кинеските граѓани ја напушаат Украина

Кинеската амбасада во Украина почнува да ги евакуира своите граѓани, пренесе АП.



Од амбасадата соопштија дека првата организирана група заминала вчера. Станува збор за кинески студенти од Киев кои се упатуваат кон Молдавија, јавуваат државните медиуми во Пекинг.

Тоа дека Кина сега ги евакуира своите граѓани може да значи дека Пекинг верува дека воените дејства ќе станат поопасни.