„Амбасадата на Украина во главниот град на Албанија Тирана упати повик до албанските доброволци, кои сакаат да се вклучат во војната против Русија, да стапат во контакт со амбасадата преку електронска пошта.“ – објави косовскиот весник на албански јазик „Бота сот“ во својата вест со наслов „Амбасадата на Украина се огласи со детали за албанските доброволци“, кои сакаат да се приклучат во војната“.
„Бота сот“ додава: „Сега е формирана ‘Меѓународна легија за територијална одбрана на Украина’, во која доброволци од целиот свет им се придружуваат на оружените сили на Украина во војната против руската агресија“.
Инаку, овој повик е упатен на албански, украински и албански јазик.





