Тачи: „Некој треба да одговара за обидот за уривање на власта – да имавме ново мнозинство, ќе беа ли против руската агресија?“

„Вечерва во дебатниот магазин ‘Клик Плус’ на ТВ 21 претседателот на ДПА Мендух Тачи изнесе став дека некој треба да сноси одговорност за обидот за уривање на власта.“ – објави ТВ 21.

На својот интернет портал ТВ 21 ги изнесе акцентите од искажувањата на Мендух Тачи, кој во контекст на својот став дека ‘некој треба да одговара, поради обидот за уривање на Владата’, првин нагласи: ‘Имавме добар успех, станавме членка на НАТО, бевме на добар пат, на јасен пат со јасна стратегија. Евроатланска интеграција, што е идеалот на Албанците денеска. И оддеднаш им текнува на некои да ја сменат власта, да го променат правецот.’ – рече Тачи.“

„Тој додава дека имало пратеник, кој јавно кажал дека има закани, поради тоа што ја поддржува власта. ‘Кои се тие сили, кои се тие фактори треба јавно да се кажат, што ги натераа Албанците да го променат правецот. Нам ни треба здрава опозиција, која ќе ја контролира власта, меѓутоа треба јасно и гласно да кажат дека нема под никакви услови да направат коалиција со некои, кои се залагаат против нашите принципи, против нашите главни цели.’ – посочи лидерот на ДПА Тачи.“

„Коментирајќи ја моментната ситуација во Украина, Мендух Тачи кажа дека постојат сомнежи оти пратениците, што се обидоа да создадат ново парламентарно мнозинство, би имале ставови против руската агресија. ‘Пред два месеца имавме ново мнозинство, што излегоа и рекоа дека имаат 61 пратеник. Оној што излезе и што го кажа тоа дека имаат 61 пратеник е Арбен Таравари – еден Турчин, кој божем ги претставува интересите на Албанците. Имам едно хипотетичко прашање: во таа ситуација да имавме едно ново парламентарно мнозинство од 61 пратеници, каков став би имала таа Влада во однос на агресијата на Путин? Ќе речете: ‘Зијадин Села, Арбен Таравари, Христијан Мицковски би имале исти ставови, а ‘Левица’? Како би дејствувала ‘Левица’ во Владата кон руската агресија?“

„Во Клик Плус’ на ТВ 21 претседателот на ДПА Мендух Тачи рече дека, според информациите што ги поседува тој, во процесот на пописот како трет по големина народ во Македонија ќе бидат Бугарите: ‘Колку што сум информиран, народ со најмногу луѓе ќе бидат Македонците, по Македонците ќе следат Албанците, а трети ќе бидат Бугарите.“