Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит реагира на Фејсбук за писмото на осумтемина претседатели на земји-членки на Европската унија за брз прием на Украина.
„На Украинците им посакувам мир и сè најдобро. Ако е тоа влез во ЕУ, им посакувам итен влез во ЕУ…
АМА БУГАРИЈА ДА Е ПРВОПОТПИШАНА НА ПИСМОТО ЗА ИТЕН ВЛЕЗ НА УКРАИНА ВО ЕУ е за мене причина амбасадорот да им го избркам од кај нас, не да разговарам во комисии со нив. Не затоа што не се во право за Украина, веројатно се, туку затоа што се потпишале веројатно знаејќи како и самите станале ‘брзо’ дел од ЕУ, не по заслуга, туку поради геополитика. А денес кон нас се однесуваат ко да сме последни говеда. Ѓубриња.
‘Ние, претседателите на земјите-членки на ЕУ: Република Бугарија, Чешката Република, Република Естонија, Република Латвија, Република Литванија, Република Полска, Република Словачка и Република Словенија силно веруваме дека Украина заслужува да добие итна перспектива за пристап во ЕУ’, се вели во писмото“, коментира еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.





