Пекинг: Кина не поддржува санкции за решавање на проблеми

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин во врска со воведувањето на санкциите кои САД и Европа ги воведоа кон Русија за новинарите изјави дека санкциите нема да ги решат проблемите, туку ќе создадат нови.



„Кина не поддржува употреба на санкции за решавање на проблеми и уште повеќе се противи на едностраните санкции кои немаат основа во меѓународното право“, рече Ванг.

Кина се спротивстави на санкциите кон Русија во петокот, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин најави воена операција против Украина.

„Кина се противи на какви било незаконски санкции што им штетат на легитимните права и интереси на Русија“, рече Ванг на прес-конференција во Пекинг.

Повторувањето на ставoт на Пекинг дојде откако рускиот напад врз Украина денеска влезе во својот петти ден, предизвикувајќи меѓународна осуда со низа санкции кон Москва, вклучително и блокирање на пристапот до меѓународниот банкарски систем SWIFT.

„Кина бара од сите страни да покажат воздржаност за да се избегне влошување на тензиите меѓу Русија и Украина“, рече Ванг.

Западот воведе широки санкции кон Русија, со што рубљата дојде до најниско ниво. Силите на НАТО се согласија да исклучат голем број руски банки од финансискиот систем SWIFT за меѓународни плаќања..