„Го чувте ли оџата од Скопје, кој го колнеше отпорот на Украина и кој ја фалеше руската агресија? Ние мораме да ги осудиме овие албаноговорни аргати на непријателите на Албанците, кои работат на тоа да ги чеченизираат.“ – кажа косовскиот аналитичар и универзитетски професор Блерим Љатифи во својата реакција на истапувањето на скопскиот оџа Мухарем Исмаили – објавија весникот „Лајм“ и други медиуми на албански јазик во Македонија и во регионот.
Инаку, имамот на ИВЗ Мухарем Исмаили, кој претседателот на Украина Зеленски го нарече „ѓавол“ и „зулумќар“, изнесе свој став и дека „поголемиот зулумќар Русија, кој не случајно му дојде на вратата на помалиот зулумќар, ќе излезе како победник во судирот со Украина“.
Љатифи во својата реакција напиша: „Повеќе од 20 години Албанците во татковината и во дијаспората се изложени масовно на пропаганда од таквите злобници, кои за сметка на Русија и Србија работат дење и ноќе, за да ги чеченизираат Албанците, да ги одвратат од западниот пат, со цел и еден ден да созреат вистинските услови за враќање на српските тенкови на Косово.“
„Ние мораме да се кренеме и да ги осудиме и да ги демаскираме овие злобници, овие албаноговорни аргати на непријателите на албанскиот народ и на неговата слобода!“





