Скопскиот оџа Исмаили: „Зеленски е ѓавол и зулумќар – нападот на Русија врз Украина не е случаен и таа ќе победи“

„Претседателот на Украина Зеленски е ѓавол и зулумќар. Рускиот напад врз Украина не е случаен. Во тој судир Русија ќе излезе како победник.“ – рече еден имам на Исламската верска заедница на Македонија, оџата Мухарем Исмаили од Скопје, коментирајќи ја војната меѓу Русија и Украина во едно негово истапување.“ – објави информативниот портал на албански јазик „ин7“.

„Ин7“ ги пренесува зборовите на оџата Исмаили: „Денес и вчера главниот разговор, што го водиме, е за Украина-Русија. Случајно ли и избувна злото во дворот на Украина? Не е случајно. Кога пред некое време Израел се бореше против Палестина, кога ја бомбардираше и кога убиваше деца и жени, тогаш претседателот на Украина, тој ѓавол плачеше за Евреите, велеше дека е тажен и тој денес излегува и седи таму за сожалување. Тој плачеше за Евреинот, зулумќарите не треба да ги боли. А сега нему, на зулумќарот Алах му доведе еден поголем зулумќар, со име Русија. И тој сега знае како да се третира зулумќарот и да се леат крокодилски солзи:’ – рече оџата Мухарем.“

„Оџата Мухарем дури вели дека во тој судир, во кој е вклучен и НАТО, Русија ќе излезе како победник. ‘Тие не и можат ништо на Русија, бидејќи тие се зулумќари, ние не треба да се загрижуваме поради нив. Европа не го сопре зулумот во Сирија, ја растурија таа благословена земја, а сега зулумот им дојде пред врата.“

„Ова истапување на скопскиот имам се случи во четвртокот.“