„Со оглед на одлуката на ЕУ и други европски земји, вклучувајќи ја и Република Македонија, за затварање на Европскиот воздушен простор за Руските авиопревозници, апелираме нашите граѓани кои престојуваат на територијата на Руската Федерација, да ги искористат сеуште расположливите комерцијални летови, копнени и морски линии за напуштање на таа земја, соопшти Министерството за надворешни работи на Македоија
Ваквото предупредување следува поради можноста да дојде до целосен прекин на авио линиите од и кон Русија“ .
Од МНР апелираат сите државјани на Македонија кои во претстојниот период планираат посета на Руската Федерација, да се воздржат од патувања кон истата.
Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги следи одблиску состојбите, и е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници со кои на дневна основа разменуваме информации и анализи за актуелните состојби.
За поддршка на државјаните на Македонија кои моментално се наоѓаат во Руската Федерација, стојат на располагање следните телефонски броеви на Амбасадата:
+ 74 99 124 33 57 (фиксен)
+ 79 58 643 34 63 (мобилен)
е-mail: moscow@mfa.gov.mk
Olivera.dimovska@mfa.gov.mk






