Ниту партиските штабови ниту Државната изборна комисија засега не излегуваат со конкретни резултати за исходот на локалните изборите и тоа е очекувано со оглед на тоа дека броењето на гласачките ливчињеа е во тек.



Првични информации говорат дека СДСМ води и дека многу веројатно победува во Гевгелија, Битола, Струмица, Куманово, Велес, Карпош Аеродром, Центар, Вевчани, Дојран.

Во Штип, победа очекуваат и двете партии.

Од штабот на ВМРО ДПМНЕ вечерва не излегоа со никаков податок околу нивните сознанија и очекувања дали и во кои општини се надеваат на победа, но рекоа дека победуваат во многу.

Но, затоа, на кусата прес конференција соопштија дека изборите биле со многу нерегуларности и дека за нив се информирани меѓународните посматрачи.

Никола Србов на прес-конференција во штабот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека партијата води во повеќе општини, но не прецизираше во кои општини победил нивен кандидат. Тој соопшти дека ќе излезат со резултати кога тие ќе бидат сумирани.

Засега сите електронски медиуми пренесуваат свои првични резултати од досега преброеното.

Излезноста на изборите била 58,2 отсто соопшти ДИК.