И Македонците се подготвуваат за војна: Панично се празнат рафтовите во маркетите како пред коронавирусот

Војната во Украина очигледно ги преплаши македонските граѓани, па дел од нив деновиве купуваат поголеми количини на храна.




Граѓаните почнаа панично да ги празнат рафтовите во маркетите како пред коронавирусот.

На социјалните мрежи се појавија фотографии со празни полици со прехранбени производи.

Најмногу се купува брашно, зејтин, ориз, грав, замрзната и конзервирана храна. Но, од утре се „одмрзнуваат“ и цените на основните продукти со владина одлука, а ќе бидат ограничени само нивните маржи.