Ванковска: Зошто забрана на медиуми, спорт, култура, уметност, наука?

„Дури и во најлошите денови на распадот на Југославија не се сеќавам на ваква РАДИКАЛНА и НАМЕТНАТА сегрегација на некоја непријателска страна – со забрана на медиуми, авиолетови, спорт, култура, уметност и наука. Ова е толку страшно и нецивилизирано што ни нивните “антивоени” мотиви не го оправдуваат! – реагира на Фејасбук професорката Билјана Ванковска.



„ Кој ќе ја одржи комуникацијата, соработката и разбирањето?!

Што ми се мене виновни колегите од Русија? Не престанав да соработувам никогаш ни со оние од Запад. Сега соработувам и со Кина.

Ние не смееме да бидеме робови на ничија геополитика и да соучествуваме во нивните војни. Еден од моите најсакани пријатели од САД е човекот кој помогна во завршувањето на војната во Виетнам и најголем борец за Палестина, против нуклеарното оружје, климатските промени. Ричард е мојата животна инспирација, тој не е дел на американскиот естаблишмент.

Ова со медиумската блокада е катастрофално лошо. Нема никако да помогне во дознавањето на фактите и откривањето на вистината. Ако не ми дадат да ја слушнам другата страна, значи воведуваат цензура , едноумие, безумие…

Многу пиромани, многу… Малку миротворци!- пишува професорката Ванковска на Фејсбук