Украинската делегација пристигна во пограничниот регион со Украина Гомел во Белорусија каде треба да почнат преговорите за прекин на воените дејства.
„Во Белорусија се е подготвено за почеток на преговорите. Го чекаме пристигнувањето на делегациите“, соопшти Министерството за надворешни работи на Белорусија 9 часот по локално време.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски претходно изјави дека не очекува напредок во преговорите, но дека е подготвен да се обиде. Тој во неделата вечерта рече дека следните 24 часа се клучни за опстанокот на Украина.
Министерството објави фотографии од просторијата во која ќе се водат руско-украинските преговори.






