
Руските војници го опколија Киев – градоначалникот на главниот град Виталиј Кличко изјави дека евакуацијата од градот е невозможна.
„Не можеме да се евакуираме. Сите излези се блокирани. Во моментов сме опкружени“, изјави Кличко во интервју за Асошиетед прес.
Кличко, исто така, рече дека Киев е на работ на хуманитарна катастрофа.
„Сè уште имаме струја и вода и парно во нашите домови. Но, инфраструктурата за испорака на храна и лекови е уништенаа“ – рече тој.





