„На општествените мрежи се води многу засилена расправа: дали лидерот на ДУИ Али Ахмети може да се споредува со украинскиот претседател Володимир Зеленски, односно дали Зеленски може да се споредува со Ахмети?“ – вели информативниот портал на албански јазик „Лидери.мк“ во својата информација со наслов „Дали може Али Ахмети да се споредува со украинскиот претседател Зеленски?“ – пренесува „Алмакос“:
„Алмакос“ пренесува: „Симпатизерите на ДУИ оценуваат дека Ахмети и Зеленски имаат многу заедничко, бидејќи како политички претставници носеле воени униформи. Од друга страна, многу други коментатори велат дека оваа споредба не важи, затоа што Ахмети голем дел од конфликтот поминал во Призрен, Косово, додека Зеленски ги отфрли апелите на САД и Британија за евакуација и одлучи да остане во првата линија на фронтот.“
„Исто така, и поранешниот министер Џевдет Хајредини смета дека ваква споредба не може да се прави, бидејќи Ахмети не ни учествуваше на гласањето во Собранието на 27 април, кога беше соборен режимот на Груевски, а Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието. ‘Али Ахмети од страв не гласаше ниту за Талат Џафери. Споредете го со Зеленски.’ – рече Хајредини во телефонска изјава за порталот ‘Лидери.мк.“





