„Путин и неговите подредени очигледно ги заборавија лекциите научени од историјата, кога големите армии многу успешно потфрлија против помалите сили.“ – вели полковникот Демирај Демирај, поранешен командант на специјалните сили – командоси на армијата на Албанија и професор по безбедност и противтероризам, во својата опширна воено-политичка анализа за случувањата во Украина, која информативниот портал „ин7“ и повеќе други медиуми на албански јазик во Македонија и на Балканот ја објавуваат под наслов „Руска окупација – почеток на герилска војна. Се ближи ли крајот на водството на ‘царот’ Путин?“
Покрај другото, Демирај пишува: „На 4 февруари 2016 година Владимир Путин во делириум ќе каже: ‘Да сакам, за два дена руските сили би можеле да одат не само во Киев, туку и во Рига, Вилнус, Талин, Варшава и Букурешт.’ Токму оваа изјава јасно ги покажува амбициите на Путин да го прошири своето влијание не само во Украина, туку како и во Летонија, Литванија, Латвија, Полска, Романија, како и во нордиските земји Шведска и Финска. Дури, тој им се закани на Шведска и Финска пред два дена. Тука јасно го гледаме неговиот диктаторски и криминален менталитет.“
„Последните настани покажуваат дека визијата на Путин за иднината на светот е разјаснува со едно однесување на поделби, со употреба на сила и дипломатски интриги, дезинформации на јавноста, прикриени напади, нерегуларно војување, труења и убивања на неговите политички противници и сл. кои ја демонстрираат неговата стратегија за возобновување на Русија како светска сила. По неуспехот на конфликтот во Украина Путин нема да има можност да ја спроведе таа стратегија.“
„Путин ја гледаше Источна Европа во блиска иднина под контрола на Москва и интегрирана во руската сфера на културно, економско и политичко влијание. На ист начин се обидува со сите средства да ја направи Западна Европа зависна од руската енергија. Значи, користи изолационистичка политика и антиамериканска политика. Тој сега треба да се соочи со изолација од западниот свет, со страшни економски санкции, со лични санкции против него и против Лавров, ‘царот’ на руската дипломатија.“
„Путин треба да се соочи и со Меѓународниот трибунал поради окупација на независна земја, убиства и масакри на цивили, уништување многу градови, со агресивна герилска војна против неговата војска, со инфлација и внатрешни немири на населението во неговата земја.“
„Последната грешка на Путин во инвазијата на Украина може да биде негов политички крај.“ – тврди Демирај во заклучниот дел на својата анализа.





