Сметководителот Кајл Тешеиро живееше луксузен живот во Њујорк и се забавуваше на сметка на пејачот, бидејќи неговата фирма се грижела за финансиската состојба на Марк Ентони (49).



Тешеиро потрошил околу 2 милиони долари од картичка на пејачот, а тоа го сторил уште од 2009 година. Ентони неодамна дознал за тоа кога внатрешната контрола открила неправилности во сметките.

Сметководителот Тешеиро би можел да добие до 25 години затвор ако судот утврди дека е виновен.