Европското небо затворно за руски авиони…

Земјите од Европската унија го затвораат својот воздушен простор за руските авиокомпании, а Би-би-Си јавува дека мерката е дел од пакетот санкции договорени меѓу земјите и заедницата.



Мерката вклучува забрана за испорака на авиони и резервни делови за Русија, вклучително и за лична употреба, забранува продажба директно или индиректно на руската страна на стоки и технологии кои се користат во воздухопловството или вселената – без разлика дали се произведуваат во ЕУ.

Нема да биде можно да се дијагностицира дефект и поправа или модифицира авион во сопственост на Русија. Истото важи и за нивните компоненти.

Испораките на стоки и делови може да продолжат до 28 март 2022 година, но само согласно договори склучени до 26 февруари 2022 година.

„Забраната за продажба на сите авиони, резервни делови и опрема на руските авиокомпании ќе ја влоши состојбата на еден од клучните сектори на руската економија, бидејќи три четвртини од авионите на руската цивилна авијација се произведуваат во ЕУ, САД и Канада. “ се вели во соопштението на ЕУ.