„Путин или Зеленски? – Што вели албанската астрологија?“ – прашува косовскиот весник на албански јазик „Бота сот“ за „говорот на ѕвездите“ во врска со лидерите на Рудија и Украина поврзано со сегашните воени дејства во Украина.
„Бота сот“ пишува: “Што се овие двајца лидери врз основа на хороскопските знаци? Дали вагата на Путин е посилна, или водолијата на Зеленски? Албанскиот астролог Мери Шеху вели дека знакот на вагата на Путин е знак на голема решителност и поседување јасни сопствени стремежи. Според неа, Путин има харизма да ја заведува јавноста и дипломатија да ги прави луѓето свои како сакан и праведен лидер. ‘Путин е мошне решителна вага и има јасни стремежи. За него нема мир оваа година, се додека не и ги припои на Русија деловите, кои и недостасуваат. Најжестока војна ќе доживеат од октомври 2022 година, но својата доминација ќе ја воспостават кон крајот на оваа година.“
„Албанскиот астролог нагласи дека претседателот на Русија ќе ја добие конкретната битка против претседателот на Украина. За претседателот на Украина Володимир Зеленски, кој го има знакот Водолија, вели дека тој ќе ја добие моралната кауза на иднината за правата на народите да одлучуваат, но ништо конкретно. Шеху вели дека не го гледа Зеленски како голема пречка за плановите на Путин.“
„Како водолија Зеленски е лидер, но е повеќе реформатор отколку воин. Тој е под притисок на војната од пред една година. Тој е повреден и не го гледам како голема пречка за плановите на Путин“ – укажува астрологот Мери Шеху.“
„Претседателот на Русија Владимир Путин е роден на 7 октомври 1952 година, а претседателот на Украина е роден на 25 јануари 1978 година.“





