Алмакос: Млади Албанци од Сарај се приклучуваат на ВМРО-ДПМНЕ

Млади луѓе Албанци во Сарај почнале да се приклучуваат во редовите на ВМРО ДПМНЕ, јавува порталот Алмакос.



,,Сарај нека биде пример за сите во Македонија, на Балканот и пошироко. ВМРО ДПМНЕ е партија на секој граѓанин“, напишале вечерва на Фејсбук активистите објавувајќи фотографии со албанското, македонското и знамето на ВМРО ДПМНЕ направени вечерва во Сарај.

Предходно лани пред ланските избори жители на селото Љуботен населено исклучиво со Албанци отворија штаб на ВМРО-ДПМНЕ во селото.

Извор Алмакос