Американскиот сенатор Марко Рубио изјави дека „нешто не е во ред“ со Владимир Путин додека руските напаѓачки сили продолжуваат да ја напаѓаат Украина трет ден по ред, објави Индипендент.



„Би сакал да споделам повеќе, но засега можам да кажам дека на многумина им е сосема очигледно дека нешто не е во ред со Путин“, рече Рубио во саботата.

„Тој отсекогаш бил убиец, но неговиот проблем сега е различен и значаен. Би било погрешно да се претпостави дека Путин ќе реагира на ист начин како што реагираше пред пет години“, рекол сенаторот.

Рубио е член на Комитетот за разузнавање на Сенатот и е информиран за брифинзите на американските шпиони.