Киев негира дека одбил преговори, но одбива уцени од Москва

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаил Подољак, изјави дека не е вистина дека Украина одбила преговори и потенцираше дека Русија поставила „неприфатливи услови [и] ултиматумски барања“.



Денеска, прес-секретарот на Владимир Путин, Дмитриј Песков, рече дека Путин наредил да се запре рускиот напад за да се даде простор за преговири , но дека Украина одбила.

„Украина, се разбира, не ги одби преговорите… Украина и претседателот Зеленски категорично отфрлаат неприфатливи услови или ултимативни барања од руската страна“, рече Подољак.