Операцијата за заштита на Донбас ќе биде целосно спроведена, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност Дмитриј Медведев.
„Овие „сјајни“ санкции дефинитивно нема да променат ништо. Тоа е јасно дури и на неинформираните во Стејт департментот. Тоа се однесува на одлуката за воена операција за заштита на Донбас“, посочи Медведев.
Медведев нагласи дека „операцијата ќе биде целосно спроведена додека не се исполнат целите поставени од рускиот претседател.
Медведев: Европа ќе плаќа 2.000 евра за кубен метар руски гас
Медведев рече и дека Русија ќе одговори на заплената на пари од руски државјани и компании во странство со запленување пари од странци и странски компании во Русија, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на агенцијата РИА Новости.
Москва не ја отфрла можноста за национализација на имотот на компаниите со седиште во САД, Европската унија и другите „непријателски администрации“, нагласи Медведев.
Медведев, предупреди дека ова е можност за ревидирање на односите со земјите кои воведоа санкции кон Руската Федерација.
„Санкциите можат да бидат одличен повод за конечна ревизија на сите односи со оние земји што ги воведоа. Вклучувајќи го и прекинот на дијалогот за стратешка стабилност“, напиша Медведев. З
Медведев вели дека на Москва не и требаат дипломатски врски со Западот.
„Време е да се „заклучат амбасадите“, објави Медведев на социјалните мрежи.
Медведев, исто така, ја осуди суспензијата на Русија од Советот на Европа, но се пофали дека на Москва и нуди можност да ја врати смртната казна во рускиот закон.







