За прв пат во историјата, силите за брза реакција на НАТО беа ставени во состојба на готовност, како одбранбена мерка како одговор на тековната руска инвазија на Украина, објави Си-Ен-Ен.



Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО, генерал Тод Волтерс, ги стави во состојба на готовност мултинационалните сили, составени од копнени, воздушни, поморски и специјални оперативни сили кои можат брзо да бидат распоредени за поддршка на Алијансата.

Активирањето на силите за одговор не значи дека војниците на САД или НАТО ќе влезат во Украина, која не е членка.

Членките на НАТО ќе распоредат повеќе војници во Источна Европа Членките на НАТО ќе распоредат повеќе војници во Источна Европа Одговор на руската агресија.

Американскиот претседател Џо Бајден јасно стави до знаење дека американските војници се стационирани во Источна Европа за да им помогнат на земјите од НАТО кои нервозни поради агресивните дејствија на Русија и дека нема да се борат во Украина.

Ова е историски момент и првпат Алијансата да ги користи овие сили со висока подготвеност за одвраќање и одбрана.

Тед Волтерс вели дека одвраќањето е разумно и ја зајакнува способноста на Алианса да ги заштити милионитете граѓани што НАТО вети дека ќе ги заштити.