Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска разговарал за понатамошната помош за Украина со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Зеленски оценувадека дошол клучниот момент да се затвори дискусијата и да се донесе одлука за членство на Украина во ЕУ, а таа порака до Брисел ја објави на Твитер.
„Ова е клучен момент еднаш засекогаш да се затвори долгогодишната дискусија и да се одлучи за членството на Украина во ЕУ. Разговаравме со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел за понатамошна ефикасна помош и херојската борба на Украинците за нивната слободна иднина“, напиша Зеленски. .






