ВП: Америка подготвена да го извлече Зеленски од Киев

Водечкиот американски весник Вашингтон Пост тврди дека официјален Вашингтон е подготвен да учествува во операција за извлекување на претседателот Зеленски од Киев и Украина.



Целта на оваа операција би била спасување на Зеленски кој изјави дека тој е прв на листата за убиство на руските сили кои почнаа воена агресија врз Украина.

Според американските и украинските власти, владата на САД е подготвена да му помогне на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го напушти Киев за да избегне да биде заробен или убиен од напредувањето на руските сили, пишува Вашингтон Пост.

Вечерва во Киев се водат улични борби а Зеленски најави голема операција на руските сили со цел освојување на главниот град на Украина.

Предходно во текот на денот Зеленски објави видео во кое потврди дека се лажни информациите според кои тој и владата го напуштиле Киев.