Киев на удар – жестоки борби низ цела Украина

Како што пренесуваат светските медиуми, руските трупи влегле во Киев и во тек се жестоките улични борби на улиците на престолнината на Украина.



Министерството за одбрана на Украина соопштило дека непријателот се наоѓа во округот Оболон на околу 9 километри северно од киевскиот парламент во центарот на градот. Тие ги охрабриле жителите да прават молотови коктели за да возвратат на ударот, додека пак исто така советувале и да побараат засолништа.

Советник на украинската влада вели дека е срушен руски авион и дека спречени се повеќе ракетни напади.

Украинскиот претседател во извештајот потврди за руските ракетни напади во Киев.

Од вчера трае жестоката борба. Руските сили вршат офанзива од повеќе правци, а ги поддржуваат силите на ДНР, ЛНР и Белорусија. На украинските градови паѓаат проектили, се слушаат сирени, а голем број од луѓето ги напуштаат градовите.

Украина објави дека досега починале 137 нивни војници и цивили, а дека над 300 се повредени. Додаваат и дека убиле 50 руски војници и дека собориле шест авиони и хеликоптери. Русите тоа го демантираат.