Грузија не се приклучи на санкциите против Русија

Ова го соопшти премиерот Ираклиј Гарибашвили, кој објасни дека земјата не се приклучи ниту кон западните економски ниту кон финансиските санкции против Русија, пренесуваат медиуми.



„Грузија, имајќи ги предвид нашите национални интереси и интересите на народот, нема намера да учествува во финансиски и економски санкции.

Тоа дополнително ќе и наштети на нашата земја и на нашиот народ. Јас како премиер, ќе се водам само од интересите на нашата земја“, рече Гарибашвили.

Поранешната советска република Грузија летото во 2008-ма сакаше да си ги врати сепаратистичките провинции Абхазија и Јужна Осетија, кои се под руска заштита.

Ноќта меѓу 7 и 8 август 2008 година грузиските трупи влегоа во Јужна Осетија, но беа поразени за неколку дена.

Русија подоцна ги призна Абхазија и Јужна Осетија како независни држави.