(…)
Зошто Путин се одлучи на речиси сигурна воена и тактичка победа на почетокот на конфликтот, но и ризик кој навестува една долга и исцрпувачка стратешка битка со Западот, во која Русија најверојатно на крајот ќе биде поразена, објаснува во напис за „Дојче веле“, новинарот Ивор Мисковски?
Прво, најверојатно затоа што Путин не видел или веќе не гледал никаков позитивен исход од преговорите со Америка.
Втората причина веројатно лежи во стравот на Путин дека во периодот што следува НАТО ќе изнајдеше некаков начин да влезе во Украина, не во формална смисла, туку со специјални сили, воени обучувачи и најмодерно вооружување. Оттука, Путин се одлучи да нападне сега и веднаш, пред Украина да стане пресилна за воена конфронтација.
Третата причина е веројатно најважна и таа е многу лична за Путин, со цел да не заврши во историјата како рускиот лидер кој ја изгубил Украина, но и со цел да ја зацементира својата власт и авторитет во домашните политички кругови и во општеството.
Оттука, излегува дека и лудачките потези имаат некој свој метод и дека станува збор за пресметан ризик.
Проценката на Путин во голем дел сигурно се базира на посебниот момент кој владее во Америка, која политички и општествено е поделена и поларизирана и каде јавноста воопшто не е благонаклонета кон нови војни каде било во светот, најмалку за една Украина.
Кога другпат Путин би имал ваква шанса без воени реперкусии, кога другпат би наишол на поделен Запад и на ваква можност? Затоа овој напад за Путин се има претворено во опција – сега или никогаш“! констатира Мицковски кој вели дека иако рускиот претседател ќе ја добие битката за Украина, на крајот сепак ќе ја изгуби војната.






