Најмалку 1.728 лица беа приведени во четвртокот Вчера, во антивоените протести кои се одржаа во руските градови по инвазијата на Украина биле приведени 1.728 лица соопшти група која ги набљудува протестите, цитирана од Политико.



Демонстрантите излегоа на улиците во 53 градови – вклучувајќи ги Москва, Санкт Петербург и Новосибирск – за да го изразат своето противење на војната во Кремљ.

Ова го тврди ОВД-Инфо, граѓанска групација чија веб-страница била блокирана од Москва во 2021 година.

На видеата на социјалните мрежи се гледаат протести во Санкт Петербург и Москва и во неколку помали градови како Челјабинск , во централна Русија.