Украина: Загинаа 137 војници и цивили од почетокот на руската инвазија

Од почетокот на нападот на руските сили во Украина , биле убиени 137 цивили и воен персонал досега информираше украинскиот претседател Володимир Зеленски.



Тој ги нарече „херои“ во видео-обраќањето објавено рано изутрината, во кое, исто така, наведува дека повеќе од 300 луѓе биле повредени за помалку од 24 часа борби.

„Тие убиваат луѓе и ги претвораат мирните градови во воени цели. Тоа е никогаш нема да биде простено“, рече Зеленски, прецизирајќи дека сите граничари на островот Змиини во регионот Одеса биле убиени.

На сите нив постхумно ќе им биде доделена титулата Херој на Украина, рече тој.


Тој ги пофали вооружените сили на Украина „брилијантно ја бранат земјата против една од најмоќните нации во светот“.