Руските сили го зазедоа Чернобил

Советникот на претседателската канцеларија на Украина, Михаило Подољак соопшти дека нуклеарната централа во Чернобил е заземена.



„Невозможно е да се каже дека нуклеарната централа во Чернобил е безбедна по тотално бесмислениот напад од Русите“, рече тој.

Според него, ова е една од најсериозните закани во Европа денес, пренесе Ројтерс. Украинскиот претседател Влодомир Зеленски предупреди пред неколку часа дека Русите се близу до заземање на Чернобил кој се наоѓа недалеку од границата со Белорусија.

Хана Љубакова, новинарка од Белорусија, на Твитер објави дека руските сили ја презеле нуклеарната централа Чернобил. Работници во електраната се заробени, пишува Љубакова.