Британски генерал: Путин сака да го обнови СССР, можна војна со НАТО

Генерал на британската армија смета дека е „целосно веродостојно“ рускиот претседател Владимир Путин да се обиде да го оживее Советскиот Сојуз со инвазија на Украина, објавија британски медиуми.



Генералот Сер Ричард Ширеф исто така предупреди дека Обединетото Кралство наскоро би можело да биде вовлечено во војна со Русија доколку кризата ескалира и Москва се обиде да нападне повеќе земји.

Пензионираниот офицер од британската армија рече дека секоја инвазија на територијата на земја членка НАТО ќе ја доведе Британија до директно учество во конфликтот.

Мора да прифатиме дека ова не е Русотцепување дел од Украина – на пример, воспоставување копнен коридор на Крим – туку целосна воена офанзива за окупација на Украина, предупреди Сер Ричард.

Тој рече дека Путин може да се обиде да го оживее Советскиот Сојуз, кој се распадна во 1991 година.