Таравари: „’Рѓосаната ДУИ, која е на својот крај, нема да успее да внесе раздор во Алијансата на Албанците“

„Секретарот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари реагираше преку објава на својот профил на ФБ кон Демократската партија на Албанците.“ – објави информативниот портал на албански јазик „ин 7“ во својата вест со наслов „Таравари со порака до ДУИ: Не можете да не поделите“.



„Ин 7“ ја пренесува објавата на Таравари на неговиот фејсбук-профил:

„Секогаш кога ДУИ е на својот крај ја започнува кампањата на раздори и внесувања поделби, поттикнувајќи озборувања за партиите, кои ги чувствува како закана.“
„Така започна и бранот против најголемата опозициска партија Алијанса за Албанците.“
„Имам порака за оваа партија: Напразно, не наоѓате ништо кај нас! Ништо и никој не може да не подели!“
„Ја напуштивме Владата како никоја друга во име на вредностите што не обединуваат, па ниту ‘рѓосаната партија ДУИ не може да ги разниша овие вредности!“