„Ова е катастрофа за нашиот континент“, објави на Твитер британскиот премиер Борис Џонсон и најави дека ќе и се обрати на нацијата во британскиот парламент за руската инвазија на Украина.
„Ќе разговарам и со моите колеги лидери на Г7 и ќе повикам што поскоро на итна средба на сите лидери на НАТО“, рече британскиот премиер.






