Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш упати апел до рускиот претседател Владимир Путин да не издава наредба до војниците да ја нападнат Украина.
„Денот беше полн со гласини и индикации дека е неизбежна офанзива против Украина. Значи, ако навистина се подготвува операција, имам само едно да кажам од се срце: Претседателе Путин, запрете ги вашите војници да ја напаѓаат Украина, дајте му шанса на мирот. Премногу луѓе веќе умреа – рече Гутереш на итниот состанок на Советот за безбедност на ОН во Њујорк.







