Раткоцери: “Што мисли Путин за Украина, Бугарија го мисли за Македонија, а Македонците навиваат за Путин“

„Политичкиот аналитичар Арбен Раткоцери на општествените мрежи направи споредба меѓу односот и ситуацијата Русија-Украина и Бугарија-Македонија.“ – објави ТВ 21 во својата вест со наслов „Арбен Раткоцери: Што мисли Путин за Украина, Бугарија го мисли за нас, а македонското општество и медиуми навиваат за Путин“.

ТВ 21 ја пренесе објавата на Раткоцери на фејсбук, кој напиша: „Русија официјално го оспорува јазикот на украинската нација, исто како што Бугарија не го признава јазикот на македонската нација. Претседателот на Русија своето право на анексија на територии, или на цела Украина, го потпира врз историското право. Исто така, и Бугарија вели дека ‘историјата е заедничка со Македонците до 1945 година’! И т.н. и т.н, итн.“

„Бев импресиониран од односот на повеќето медиуми, но и на македонското општество, кои немаат никаква нишка на чувствителност за преседанот во Украина, дури напротив!’ – напиша Раткоцери.“