Швајцарија ќе остане неутрална – не воведува санкции против Русија

Швајцарија соопшти дека нема да воведува санкции против Русија, откако тоа го направија повеќето западни земји и ЕУ. На денешната владина седница, министрите го осудиле потегот на Москва да ја признае независноста на двата украински сепрататистички региони Доњецк и Луганск, оцениле дека тоа претставува кршење на меѓународното право и ветиле дека ќе се осигураат Швајцарија да не биде искористена како платформа преку која ќе се заобиколат ЕУ санкциите.



Русија е важен трговски партнер на Швајцарија. Конзорциумот Северен поток кој гради гасоводи од Русија кон Европа, има седиште во швајцарскиот град Цуг, исто како и Газпром, компанијата која го снабдува гасот а овие гасоводи.

Кога станува збор за неутралноста на Швајцарија, земјата го имаше истиот одговор и во 2014 година, кога Русија го анектираше Крим.