Драмата со промената на уставот кога осум пратеници од опозицијата гласаа за промена на името може да се повтори и за договорот со Бугарија, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој овој став го гради врз основа на пораките што дојдоа од безбедносната конференција во Минхен.
,,Според пораките кои доаѓаат од Минхен, а во однос на договорот со Бугарија, заклучив дека повторно ќе се оди на истата игра како за промената на уставното име на Македонија”, изјави Мицкоски во интервју за Сител.
За време на промената на уставот за промена на името со помош на уцени, закани, ослободи дување од притвор, други притисоци и бенефиции СДСМ и ДУИ дојдоа до потребната бројка од 8 пратеници.
Според пораките кои доаѓаат од Минхен, а во однос на договорот со Бугарија, заклучив дека повторно ќе се оди на истата игра како за промената на уставното име на Македонија. pic.twitter.com/YLUMmH1H1b
— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) February 22, 2022






