Поранешниот претседател на Уставен суд Трендафил Ивановски ги повика претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери и премиероот Димитар Ковачевски итно да се состанат и да најдат решение за собраниската блокада за избор на четири уставни судии.



„…Не може Џафери да се прави дека „не е од тука“ . Не може Уставниот суд да зависи од несвикување на собраниска комисија. Се друго е целосна блокада на Уставниот суд и уставна криза. Не може да велиме дека одиме кон Европа, а не можеме да си ја конституираме конституенцата“ изјави Ивановски за “Слободен печат“ и наговести дека можеби актуелната претседателка на Уставен суд преба да си даде оставка во знак на протест.

„Да се размисли и претседателката на Уставен суд да си поднесе оставка. Бидејќи судот нема двотретинско мнозинство не ќе може да се избере нов претседател и со тоа судот ќе се самораспушти.

Собранието да не ги гледа работите само политички, туку општествено – вели Ивановски во изјава за „Слободен печат“.

За односот на пратениците кон Уставниот суд, Ивановски смета дека е целосно непостоење на елементарно чувство за водење политика.