Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска пред медиумите рече дека неговиот ПР тим од брзање го исекол македонскиот премиер Димитар Ковачевски од заедничката фотографија со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
„ И во Бугарија и во С. Македонија сите се обидуваат со некоја глупост да не извлечат од дијалошкиот, конструктивен тон. Така јасно кажав во мојот следен пост на Фејсбук дека кој на каква фотографија е, не е важно за нашата заедничка стратегија“ – додаде Петков.






