ТВ21: Во прекин неколку линии на ЈСП, 60 автобуси на технички преглед

Околу 60 возила на Јавното сообраќајно претпријатие утринава биле испратени на вонреден технички преглед од страна на полицијата, а поради тоа дел од линиите се во прекин дознава ТВ21 од свои извори.



Таков случај е и автобусот со број 67 кој сообраќа на релација Транспортен Центар – Зелениково каде речиси 2 часа не сообраќа ниеден автобус.

Веста ја потврдија и од кол-центарот на ЈСП од каде велат дека на оваа линија сообраќа само едно возило.