Најавите за влегување на отворените прашања со Бугарија во преговарачката рамка ја разбранува експертската јавност, пренесува Сител.
Според Mалинка Ристевска Јорданова од Институтот за европски политики тоа би било голем хендикеп за Македонија. Во тој случај Бугарија, како посилна страна, би добила повластена улога во преговорите со што би го диктирала на темпото, но и на суштината на преговарачкиот процес.
За Ристевска апсурден е предлогот Брисел да биде гаранција дека Бугарите ќе бидат вметнати во македонскиот Устав во текот на преговорите.
Бугарскиот претседател Радев на средбата со македонските Бугари во Софија повтори дека нема да има преговори за Скопје се додека не бидат вметнати во уставот. Тие пак бараат нивното прашање треба да се реши веднаш бидејќи немале верба дека тоа ќе се се направи во текот на преговарањето.





