Комисијата за заразни болести со предлог до министерот за здравство – да биде укината мерката за ослободување од работни обврски на бремените жени, согласно, како што велат препораките од релевантни институции.
-Препораките во светот се дека може да се вакцинираат и дека е безбедна вакцинацијата за бремените жени и дека е препорачлива и не само што е безбедна за да можат да бидат побезбедно нивното здравје не само да е поврзано со работниот процес, туку и генерално со движењето низ популацијата. Препораките што ги кажавме се однесуваат на унапредување на здравјето на бремените жени. Доколку сакаат навистина да го заштитат своето здравје и здравјето на своите деца тогаш најлогичното објаснување е дека треба да бидат вакцинирани, изјави др. Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисија за заразни болести.
Поради подобрување на епидемиолошката состојба во земјата, Комисијата предлага и укинување на мерката која беше задолжителна на граничните премини за излез од земјата – приложување на сертификат за примени две дози на вакцини, документ за прележаност не постар од 45 дена или негативен ПЦР тест.
Овие две препораки за да стапат на сила треба да бидат усвоени на владина седница. За скринингот во училиштата, пак, надлежните се уште немаат доволна бројка на тестирани за да кажат колкав е процентот на асимптоматски случаи во образовните установи.





