Таравари: Ќе излеземе на улица

Арбен Таравари од Алијанса на Албанците најави протести за уривање на Владата и вели дека имаат стратегија и по конгресот на партијата тие ќе бидат по остри во барањето на правдата.



„Секако ќе излеземе и на улица. Ние ќе го одржиме конгресот на 27 март. Имаме стратегија како ќе делуваме како опозиција, ќе бидеме по остри, поагресивни и ќе бараме правда под секоја цена“, вели Таравари.

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека избори ќе има, но во 2024 година.