Замислете си граѓаните на Република Бугарија и Република с Македонија да уживаат меѓусебно почитување, почитување на нивните права и просперитет, напиша бугарскиот премиер Кирил Петков на социјалните мрежи и објави фотографија со македонскиот колега Димитар Ковачевски по повод коментарите за пресечената фотографија со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, пренесе БГНЕС.
Ковачевски не верува дека Петков намерно го „исекол“ од слика
„Двете земји треба активно да промовираат развој на заеднички компании кои заедно создаваат голема додадена вредност, имаат растечки економии, заеднички детски кампови, заеднички концерти, заеднички образовни програми, немаат граница меѓу нашите две земји, не треба да има дискриминација, да нема говор на омраза, да градиме автопати, да имаме модерни железнички линии.
За многумина овие зборови звучат како сон, други организираат секакви провокации за да не се случи тоа, други едноставно не сакаат стабилност на Балканот.
Јас и Димитар веруваме дека тоа е можно, и нема да подлегнеме на провокации, туку ќе работиме намерно и заедно да го постигнеме тоа.
И на сите злонамерни страни можам само да им кажам: нема да не спречите“, напиша Кирил Петков.






